Утре не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди преку денот, меѓутоа ќе има услови и за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието. Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски