Шпанските екипи Валенсија и Уникаха вечерва ќе го одиграат решавачкиот трет натпревар во финалето во Еврокупот по што ќе биде познат и победникот во второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување.
На претходните два меча, предноста на домашниот терен се покажа како решавачка, па Валенсија ја доби првата средба со 68-62, додека на втората во Малага победа оствари Уникаха со 79-71.
Вечерашната „мајсторка“ ќе се игра во Валенсија со почеток од 20 часот и 30 минути.