Јужноафриканскиот спринтер Оскар Писториус, кој учествуваше на Олимпијадата во Лондон како „најбрзиот човек без нозе” се соочува со нов предизвик.
Спринтерот, кој е со ампутирани нозе и веќе има шест златни медали на Олимпијадата за лица со посебни потреби, ќе се натпреварува оваа среда со арапски коњ, а за настанот ќе бидат прифатени и облози.
Необичниот двобој на 26-годишниот јужноафриканец со коњот е под наслов “Брз како ветер” и ќе биде за поддршка на кампањата за лицата со хендикеп.