Потпишан договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Од:

Согласно Програмата за изградба на улици во градот и населените места во општината, Општина Кочани денеска потпиша Договор со компанијата „Жикол“ од Струмица, фирма којашто е избрана за изведувач на градежните работи од проектот Локален пат – ул. „Гоце Делчев“ за поврзување на село Оризари со регионалниот пат и град Кочани- прв дел.

– Општината планира да изврши доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во селото Оризари во должина од 743 м, со ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м. Заради теренските услови ќе се градат потпорни ѕидови, ќе се врши пробивање на дел од улицата, подобрување на тлото на новопробиениот дел, тампонирање, поставување рабници, изградба на елементи за одвод на атмосферска вода, асфалтирање и изградба на тротоари.

Според градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски со изведбата на сообраќајницата ќе се добие една целина со што ќе се овозможи подобра сообраќајна врска и подобар пристап за влез во Оризари и поголема безбедност на сообраќајот.

– Грантот што го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 илјади евра, истакна Димитровски, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во селото Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

За овој потпроект од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56 илјади евра од општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски