ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието поради заштита на криминалот, еве докази!

Од:

Пратениците Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски, на денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, презентираа докази за причините поради кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираат изборот на претседател на Собрание и изборот на нова реформска Влада.

„Дали се уште барате принцип победник со победник? На ова треба да дадете конкретен одговор, затоа што принципот на победник со победник е принцип на бинационална држава. А вие тоа го барате и се залагате за тој принцип, со години наназад. Посебно да гласаат Македонцита, посебно да гласаат Албанците. Се сеќавате, имавте и назив за ова: до Групчин и од Групчин го викавте, кога беше војната. Овој принцип, почитувани колеги, може еден ден да води и до посебни собранија и може да води до федерализација на државата. Пред се, треба на вашите поддржувачи да им објасние како тоа и зошто се залагате за принципот победник со победник, а сте за мултиетничка Македонија. Полни сте со добри зборови за помалите етнички заедници, тие каде ќе гласаат? Кај Македонците, кај Албанците? Кој ќе ги асимилира нив? Како нив ќе ги броиме? Тоа ќе треба да си го расчистите внатре во вашата коалиција. Додека вие овде го блокирате Собранието и институциите, вашето раководство се богати. Шест милиони евра потрошил Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта и бензински пумпи? За ова ли го блокирате Собранието? Овој ли криминал го штитите“, рече Дамјан Манчевски.

Пратеникот Љупчо Николовски презентираше и докази за скандалот.

„Ова е тековна состојба на „Бест веј инвестмент од Скопје коишто токму во овој период додека луѓето протестираат надвор ја купува Ом Петрол. Управител, односно единствен содружник на оваа компанија е синот на првиот братучед на Никола Груевски. Токму преку овие зделки, додека граѓаните протестираат се шири богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи. Не е патриотизмот во прашање, не е ништо друго во прашање. Во прашање е ширењето на богатството на оваа криминална власт. Но правдата доаѓа, криминално стекнатиот имот ќе биде конфискуван“, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

А1он

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

(ВИДЕО) СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

А1он

СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

А1он

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој пат обновата на патот Охрид-Свети Наум