Според првичните проекции од постизборните анкети, владеачката Републиканска партија на Ерменија освоила 46 отсто од гласовите.
Денешното гласање во Ерменија беше прво од воведувањето на уставните реформи претворајќи ја поранешната советска република во парламентарна република.
Според излезните резултати на Болтик Сервејс/Галуп интернешенел, победник на изборите е Републиканската партија со 46 отсто, додека втора е партијата Просперитетна Ерменија со 25 отсто.
Изборите претставуваа клучен демократски тест за земјата, која што досега нема историја на менување на власт на избори.
Пред гласањето, делегацијата на ЕУ во Ерменија и амбасадата на САД во заедничка изјава кажаа дека се загрижени за обвинувањата за заплашување на гласачи, обидите за купување на гласачи како и користењето на државниот систем за помош на одредена партија.