Околу 2,5 милиони Ерменци со избирачко право денеска гласаат на избори за нов состав на Парламентот на Ерменија, први по уставните измени со кои претседателскиот систем во земјата е заменет со парламентарен.
Како што јави ТАСС, за 101 место во Националното собрание се борат 1.461 кандидат предложени од пет партии и четитри коалиции.
Согласно изборниот закон, во распределбата на мандатите според пропорионалчниот модел ќе учествуваат партиите што ќе освојат најмалку пет отсто од гласовите и коалициите што ќе добијат најмалку седум проценти гласови.
На изборите се очекува неизвесна борба меѓу владејачката конзервативна Републиканска партија на Ерменија (ХХК) и центристичката коалиција „Царукјан“, предводена од бизнисменот и лидер на либералната пертија Просперитетна Ерменија (БХК), Гагик Царукјан.
Покрај овие дев листи, места во Парламентот се очекува да освојат уште две партии и една коалиција.
Уставните измени со кои досегашниот претседателски систем во Ерменија беше заменет со парламентарен, беа усвоени во 2015 година.