Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм ја продолжија серијата победи во Супер лигата откако вечерва во дербито од 4. коло по продолжение го победија Карпош Соколи со 87:85. Во решавачките моменти од продолжението домашниот играч Кендрик Пери во два наварти беше изблоиран. Најефикасен на дуелот беше Бојан Трајковски (Карпош Соколи) со 25 поени.
Во салата во „Градски парк“ во Скопје вечерва Работнички минимално го совлада Кожув со 68:67, а Владо Илиевски (Работнички) и Кенион Мек Нил (Кожув) беа најефикасни со по 13 поени.
Кошаркарите на Фени Индустри ја постигнаа првата победа во Супер лигата откако на домашен терен по продолжение го совладаа Куманово со 101:98. Младен Пантиќ кај Фени Индустри и Димитар Караџовски кај Куманово со по 27 поени беа најефикасни на дуелот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродорм 8 бодови, Карпош Соколи 7, Работнички 6, Кожув 5, Куманово 5, Фени Индустри 5.