Најмалку 27 лица останаа затрупани под свлечиште во Индонезија

Од:

Индонезиските власти соопштија дека утринава најмалку 27 лица останале затрупани под свлечиште што било придвижено по обилните дождови во областа Понорого, на островот Јава, а локалната полиција, повикувајќи се на сведочења на селаните, објави дека исчезнале најмалку 38 лица, пренесоа американските медиуми.

Според наводи на владината Агенција за ублажување на последиците од природни катастрофи, свлечиштето затрупало околу 30 куќи и земјоделци кои ја изведувале сеидбата на ѓумбир во подножјето на рид кај селото Банаран.

Спасувачки екипи, полицајци и војници трагаат по исчезнтите.

Американските медиуми наведуваат дека поплавите се честа појава во текот на сезоната на монсунски дождови во Индонезија, во која голем дел од вкупно 256 милиони жители живеат во планинските подрачја и во близина на реките.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници