Зголемен бројот на пожари во Делчевско

Од:

Алармантна состојбата со шумските пожари во Делчевско кои се резултат на човечко невнимание. Само за еден месец на територијата на Делчево имало 17 пожари на отворено од кои 4 шумски пожари, додека вкупно за период од 56 години за истиот месец, се евидентирани 27 пожари.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти Драган Балас, лице со овластување во Регионалниот центар за кризи во Делчево кој истакна дека состојбата со пожарите годинава во овој период не е забележана во сите претходни години.

– Пожарите оваа годна се доста чести за разлика од претходните години, кога во овој период немавме појава на пожари. Појавата е алармантна бидејќи нема дожд, а шумската вегетација не е развиена, ветерот придонесува за ширење на пожарот кој може да предизвика штета од непроценливи размери, истакна Балас.

Тој повторно го потенцираше фактот дека екипите надежни за гаснење шумски пожари ТППЕ Делчево и ЈП Македонски шуми „Голак“ Делчево немаат соодветна опрема што придонесува за зголемен ризик при гаснење на пожарите, но и за побрзо ширење.

– Овие екипи не располагаат со соодветно теренско возило за шумски пожари, па така тие мора да одат и по неколку километри, за да наполнат вода во рачните пумпи кои најчесто се користат при гаснење на шумските пожари. Шумските патишта се во доста лоши состојба, па сега постечките цистерни со кои располага ТППЕ Делчево, не можат да стигнат до локацијата што е доста отежнувачки фактор, бидејќи овие прскалки носат само 25 литри вода, што не е доволно, рече Балас.

Согласно со податоците од РЦУК-Делчево, во периодот 2004-2016 година во Делчевско имало вкупно 58 шумски пожари при што е опжарена е 1.362 хектари површина и изгорена дрвна маса од 73.651 м3, а вкупната штета е 1.650.256. 000 денари.

– Сите пожари се предизвикани од човечки фактор и невнимание. Ситемот за Управување со кризи е целосно вклучен во оваа проблематика и се организира акција за посета на населените места, за да се врши разговор со населението, со месните заедници, за да се информираат жителите од опасностите од палење на стрништата, а казните се предвидени во два закони, во Законот за заштита и спасување, казната за несовесно палење пожар и предизвикување штети е 1000 евра, а палењето стрништа согласно Ззаконот кој ја третира земјоделската проблематика е 100 евра, потенцираше Балас.

Инаку, при вчерашниот пожар кој гореше на подножјето на Голак во атарот на селото Чифлик, зафатена била површина од 14 хектари и изгореле 4, 5 хектари приватна дабова и нискостеблеста шума и 8, 5 хектари пасиште. Пожарот бил локализиран околу полноќ, а и овој пожар започнал од запалено стрниште.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино