Габриел: Нереално е да се бара секоја членка на НАТО да издвојува по 2% од БДП за одбраната

Од:

Барањето на НАТО секоја земја членка да го зголем буџетот за одбрана на ниво од два проценти од нејзиниот бруто домашен прозивод (БДП) е нереално, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

– Исполнувањето на вакото барање би значело Германија годишно да издвојува по 70 милијарди евра за воени цели, што е двојно повеќе од сегашното ниво, рече Габриел, додавајќи дека не познава ниту еден германски политичар кој смета дека тоа е можно или пожелно.

Како што јави ДПА, ваквата порака Габриел ја испрати од средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, на која претходно американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара од сојузниците од Алијансата да ги зголемат своите воени буџети или во следните два месеца да осмислат нов план за достигнување на буџетските цели на Пактот.

Тилерсон нагласи дека САД трошат непропорционално многу на одбраната во споредба со останатите 27 членки на НАТО, па затоа очекува американскиот претседател Доналд Трамп да реагира на состанокот со лидерите на Алијансата закажан за 25 мај.

Лидерите на земјите членки на НАТО во 2014 година се обврзаа во следните десет години да ги зголемат трошоците за одбрана на ниво од два отсто од своите БДП.

Само четири држави членки на НАТО во моментов го имаат достигнато овој праг и тоа Велика Британија, Естонија, Грција и Полска.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски