Во Француското фудбалско првенство на распоредот се натпреварите од 17.коло, а три дуели се одиграа синоќа во кои две победи постигнаа домашните екипи и една гостинските.
Ница и Лил освоија по три бодови на свој терен, додека ПСЖ беше убедлив на гостувањето кај Валенсиен.
Постигнати се следниве резултати: Ница – Рен 1:0, Валенсиен – ПСЖ 0:4 и Лил – Тулуз 2:0.
Шест средби од оваа рунда во Лига 1 се закажани за вечерва. Од 19 часот играат: Ајачио – Ремс, Евиан – Троа, Лориен – Сошо, Олимпик Лион – Нанси, Брест – Монпеље; од 21 часот почнува дуелот Бастија – Олимпик Марсеј.
Колото ќе се комплетира утре со одигрување на натпреварот Бордо – Сент Етиен.
Табела: Олимпик Лион 34 бодови, ПСЖ 32, Олимпик Марсеј 29, Сент Етиен 26, Валенсиен 26, Бордо 26, Ница 26, Рен 26,.