Младите кошаркари на Феникс атакуваат на Супер-финалето во Европската младинска лига

Од:

Младите кошаркари на Феникс 2010 од Скопје, се пред нов предизвик во Европската младинска лига.

По успешниот настап на двата турнири на кои остварија осум победи во исто толку одиграни натпревари, селекцијата на играчи до 14 години (родени 2003-та) ги очекува најтешкиот испит, настап во разигрувањето за место во Супер-финалето.

Во периодот од 30 март до 2 април младите „Феникси“ ќе играат во плејофот од Централната зона во која за противници ќе ги има шампионите на Србија, Младост Белград, на Германија, Баерн Минхен и на Романија Ородеа, како и домаќинот на турнирот Дебрецен.

Настапот во плејофот Феникс ќе го започне вечерва (20 часот) со дуелот против домаќинот Дебрецен. Во петок и недела од 13 часот ќе ги играат дуелите против Ородеа и Младост, а во понеделник од 9 часот и последниот меч во кој за противник ќе го имаат Баерн.

Доколку го минат и овој турнир односно освојат едно од првите две места, овие млади македонски кошаркарски таленти, ќе се вбројат меѓу 8-те најдобри екипи во Европа во конкуренција над 80-тима од „Стариот континент“, односно ќе се пласираат во Супер-финалето кое ќе се одржи од 4 до 7 мај, во Рига, Летонија.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он