(ВИДЕО) Спасовски: Ивона Талевска потврди дека Груевски ја прифатил платформата

Од:

– Очигледно е дека продолжуваме повторно со злоупотреба на оваа говорница, со цел нешто да разјаснуваме, а не знам зошто повторно и повторно разјаснуваме и не се држиме ниту до точката на дневниот ред и раскажуваме некои нови приказни, затоа што веројатно не сакате да се присетите на вашата приказна. Кажувате за платформи, за изјави, за декларации, за нешто кое што помина овде, рече Оливер Спасовски, СДСМ.

Тој потсети дека во Македонија во последните десет години постои само единствена платформа која се вика криминална платформа и за неа се расположени да разговараат колку што сака ВМРО-ДПМНЕ.

– За тоа слушнаа граѓаните. За другава платформа треба да чуете овде. Еве ќе ја пуштам уште еднашка. Ивона Талевска ве потсетува дека Груевски направил договор со ДУИ на 29-ти јануари кога сите вие од средниот ред или најголемиот дел бевте во најновите костуми да ја славите новата влада вечерта, ама претходно ве бодреше и информираше и вас Ивона Талевска и сите останати во Македонија колку е важна платформата на Албанците што ја прифатил Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски