Селекторот Мирко Петрески заедно со тренерите Дарко Радуловиќ и Драган Миленковиќ за 9 април го закажаа првиот собир на кошаркари родени 1997/1998 година. За кошаркарите кои се натпреваруваат во М20 возрасната категорија ова ќе биде првиот собир во тековната календарска година.
На првиот тренинг кошаркарите ќе бидат поделени во две групи. Првата група од ‘селективен регион Скопје‘ ќе излезе на паркетот во 14 часот, а по нив во 15:30 ќе биде тренинг со кошаркарите од втората група од ‘селективен регион – останати градови‘ од Република Македонија.
Селективниот тренинг ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“).
Националниот состав до 20 години ова лето ќе настапи на континенталното првенство во Орадеа, Романија што ќе се одржи во периодор од 14-23 јули.
Селекторското трио ги повикува сите клубови од Република Македонија да испратат по три играчи. Клубовите кои не се во можност да го сторат тоа мора да ја известат канцеларијата на МКФ.