Најпопуларниот термин за подготвување свадби годинава, во многу места во светот е денеска, поради „волшебниот“ датум кој содржи три дванаесетки – 12.12.2012.
Во Чешка, како што јави дописникот на МИА од Прага, се закажани само неколку свадби и поради малиот интерес е откажана и „свадбата на столетието“ во замокот Телч, на југот на земјата каде беше планирано во брак да стапат 12 пара.
Според експертите, причините за незаинтересираноста на младите парови „да стапнат на лудиот камен“ токму во овој период може да бидат многу едноставни.
– Зимата не е најдобро време за свадбените веселби, а исто така е и пред Божиќ, вели социологот Даниел Ханзл.