Снежните врнежи во јануари предизвикаа штета од над 7 милиони денари во струмичко

Од:

Вкупната штета што снежните врнежи на 19 и 20 јануари годинава ја предизвикаа во струмичко се проценува на 7.007.581 денар, процени Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица.

По, временската непогода до Комисијата биле поднесени 94 барања за проценка на штета од кои 55 од населеното место Куклиш, 10 од Муртино, 12 од Баница, пет од Банско, три од Габрово, по две од Дабиле, Сачево и Водоча и едно барање од Раборци.

– Комисијата изврши непосреден увид и процена по сите барања, при што процени штета по барања на 73 граѓани, а кај останатите Комисијата констатира дека нема штета или штетата не е предизвикана од снежните наноси. Утврдената штета е причинета од тежината на снегот од кој попуштија полиетиленските платна и конструкции на халите и оранжериите за раноградинарско земјоделско производство. Вкупната штета на граѓаните која што ја процени Комисијата изнесува 7.007.581,00 денари, се вели во информацијата од Комисијата.

Извештајот што го подготви Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица по усвојувањето од Советот на општината ќе биде доставен до Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди при Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски