Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез од своите колеги во СЕХА Газпром лигата е избран за најдобар стратег сезонава, а тројца играчи се најдоа и во еден од изборите.
Членовите на македонскиот шампион Тимур Дибиров и Лука Циндриќ се дел од идеалниот состав, а Илија Абутовиќ е најдобриот дефанзивец во лигата.
Сите тренери од СЕХА лигата добија задача да го изберат идеалниот состав, најдобриот дефанзивец, МВП и тренер. Се гласаше по системот за тројца најдобри кои добиваа 3-2-1 бод.
Изборот на тренерите на „Ол Ста“ СЕХА 2016/17 – регуларен дел:
голман: Иван Стефановиќ
лево крило: Тимур Дибиров
десно крило: Блаж Јанц
пивотмен: Растко Стојковиќ
лев бек: Момир Илиќ
среден бек: Лука Циндриќ
десен бек: Даниил Кристопанс
МВП: Блаж Јанц
најдобар дефанзивец: Илија Абутовиќ
најдобар тренер: Раул Гонзалез.