Претприемничко учење за млади за намалување на невработеноста

Од:

„Претприемачко учење за млади“ е насловен проектот што ќе биде промовиран денеска во ЕУ инфо центарот.

Со финансии од Европската Унија преку Еразмус + програмата, проектот ќе го спроведат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijan si Dezvolatare од Романија.

– Целта е преку едукација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ја намали невработеноста и да го развива претприемништвото во Македонија, соопштија од Здружението ЦЕФЕ Македонија.

Како што појаснуваат, предвидено е да се формира Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица, по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Преку Академијата, младите треба да ги развиваат своите претприемнички способности и да се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им пренесат знаење за организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он