Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Сончево ќе биде и во среда кога утринската температура се очекува да се движи од минус два до пет, а максималната од 15 до 21 степен.
Во четврток иако ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе бележат покачување како утринските така и дневните. Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степени.