Опозицијата категорична: Нема да одиме на избори со Рама премиер

Од:

Албанската опозиција категорично останува на ставот дека нема да оди на избори доколку не се избере техничка влада која ќе ги организира истите независно од апелите на меѓународните претставници да се откажи од бојкотот.

Преку заедничка изјава опозициските партии соопштуваат дека во Албанија денеска не се нудат соодветни услови за организирање слободни и фер избори.

– Партиите од опозициската коалиција донесоа едногласна одлука дека нема да достави барање за регистрација како изборни субјекти во Централната изборна комисија, се додека не се постигне политички договор за формирање техничка влада со целосна поддршка, стои во заедничкото соопштение на албанската опозиција.

Како што стои понатаму, партиите од опозициската коалиција ги поздравуваат и им се заблагодаруваат на сите албански граѓани кои се приклучија на ова народно движење за слободни и фер избори.

Во исто време упатува апел за „масовна мобилизација на целата енергија и острајност на одлучноста до победата на каузата за слободни фер избори“.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент