Саниран полскиот пат во месноста Слатина

Од:

Со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, саниран е полскиот пат во месноста Слатина, кочанско.

Целта е да се подобри сообраќајната поврзаност на земјоделските површини во полскиот регион со градот.

– Патот е долг околу еден километар и по подобрувањето на тлото и површинското тампонирање е во одлична состојба, така што е подготвен за земјоделска механизација. Неговата широчина според проектот беше планирана со 2,5 м, но забележуваме дека е проширен. Вкупната инвестиција е повеќе од милион денари. Со овој проект ги правиме подрачјата коишто се мочурливи, да бидат во секое време пристапни за нашите земјоделци, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Состојбата на овој фреквентен пат во Кочанско Поле пред санацијата беше лоша, односно поради пропаѓањето на тлото и огромните дупки, движењето на земјоделската механизација беше отежнато. Ова е уште еден напор повеќе на општината полските патишта низ плодното Кочанско Поле да бидат подготвени пред почетокот на пролетната сеидба на оризовата култура.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена