Конте: Суспензијата ме направи посилен

Од:

По четири месеци, односно 122 дена одработување на суспензијата, на клупата на фудбалската екипа на Јувентус се врати Антонио Конте.

Тренерот на актуелниот шампион прв пат оваа сезона ја водеше екипата при минималниот (1-0) триумф кај Палермо.

„Неизбежно е да страдате кога сте толку долго одвоени од својата екипа, макар во текот на
седмицата да работите со неа на тренинзите“, рече Конте и продолжи:

„Ми недостасуваа емоциите во текот на натпреварите, емоциите коишто можат да се доживеат само на клупата. Но бев принуден да работам вака и можам да речам дека со тоа дополнително го зајакнав својот карактер. Благодарејќи на суспензијата, некои луѓе ги запознав подобро и иако тоа не беше пријатно, ова искуство ме направи посилен“.

„Кога ми беше изречена суспензијата, одлучив дека е подобро секојдневно да ги водам тренинзите на екипата и да не бидам покрај играчите во текот на натпреварите, отколку да не правам ништо“, додаде Конте.

„Екипата реагираше извонредно. Сакам да им се заблагодарам на играчите бидејќи тие навистина се посебни спортисти. Таков е и клубот, а можеби таков сум и јас. Среќен сум што имам одлични помошници, бидејќи Масимо Карера и Анџело Алесио ме заменија на брилијантен начин“, продолжи тренерот на италијанскиот клуб.

„Фактот што сме толку синхронизирани дозволи со непријатната ситуација да се соочиме на најдобар можен начин“, заклучи Конте.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска