Крајот ти е право пред тебе, повели сам право во бездната

Од:

На крајот од секоја игра и пиунот и кралот завршуваат во иста кутија

Како и на крајот на секој филм, а секој филм има крај, така и овој нашиов хорор децениски филм го има својот крај.

Се изнагледавме се и сешто, баш оргинално и типично актерски кажано “ако целиот свет е претстава оваа мала државичка е барем едно парче даска од таа претстава” го глумеа како за Оскар.

Се надевам дека Оскарот кај нас има и специјална просторија каде ќе им биде доделен на тие актери, во спротивно ништо не сме постигнале туку напротив сме изгубиле од конкуренцијата или уште полошо од гледачите на овој децениски хорор филм. За сите имаше улоги, се зависеше кој каква фаца има таква улога и играше. Од барон Минхаузен, па се до Џакомо и по некој дворски шут со тоа што кај нас дворските шутови беа баш на високи позиции и тоа државнички за жал. Филмот од комедија прерасна во траги комедија па на крај излезе чист хорор. Ги доживеавме најголемите голготи па дури за малку и најголемата голгота која ја подготвуваа, војната.

Слушнавме се и полека како и во приказната дека на лагата и се кратки нозете, ај што се открија нозете но се открија и тангите од по 500 евра. Се прашував долго колку ли танги имаат сите од актериве во оваа наша претстава? Сега имам дилема доколку се добие оскарот и се сместат во соодветната просторија ќе враќаат танги или парични средства? Багер со македонско знаме и златна икона на Исуса, ох боже прости им не знаат што прават.

Сега ги сфаќам зборовите што означувале. Навистина ние исто ко да сме во тоа време пред Христа,и како да го имаме тој степен на развој но не поради фактот дека сме толку отапени него поради факторот кој што се викал страв и кој допринел психичка деструкција и нефункционалност. Многумина прашаа каде беше таа механизација за време на поплавите? Каде беа тие украдени пари за да не умираат дечињата по болниците и пациентите?

Прашањата се многу и се болни а бога ми и тешки за одговор но како и во секоја правилна партија шах, дури и пиунот може да ја земе кралицата а бога ми и да настрада топот од лаумферот и да се направи шах мат ситуација и ете сами се матираа бидејќи сами ја играа партијата и сами го правеа филмот. Жалосно, испаднаа лоши сценаристи на крајот им пукна тиквата а и бомбата. Видете вака, една работа да ви е јасна, имате семејства и деца и вие, имате роднини браќа и сестри, вујни, тетки, имате фамилии.

Немој за една трула тула да го турнете целиот зид, немојте да сте помислиле на такво нешто бидејќи губиме сите се и на крајот нашите поколенија ќе плукаат по нас и ќе бидеме дел од историја, која би кажала дека сме виновни за губиток на државата се со цел да спасиме некоја трула тула т.е багра. Тие се тие што велат дека ќе одат до крај, ама до крај во заштита на сопствената пљачка не да не заштитат и нас.Затоа доколку некој решил да оди кон бездната слободно пуштете го бидејќи и вас ќе ве повлече кон бездната.

Има вистина во кажаното, “пра дедо и се бореше да ја одбрани државата од окупаторот а сега таа го брани внатрешниот окупатор” а тоа е жалосно. Нашата земја заслужува подобра иднина а не да не оценуваат дека сме гето. Доста изигрававме стадо сепак имаме и свој мозок, со кој ќе мислиме за својата иднина а не слепо врзување за тие кои не доведоа до работ на бездната.

Македонија мора да добие реформска влада која ќе не одбрани сите нас од бездната и која совесно и чесно ќе работи и ќе не врати на вистински пат кој одавно е загубен.Зборот и времето умно користете ги бидејќи никогаш не можете да ги вратите назад.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска