Тодоров договори соработка со американскиот Национален Институт за здравство

Од:

Потпретседателот на Владата и министер за здравсто Никола Тодоров, за време на посетата на Вашингтон, се сретна со заменик-директорот на американскиот Национален Институт за здравство Фредерик Огнибене.

Тодоров и Огнибене договорија повеќе форми на соработка, како што е
размена на доктори и професори и соработка на научни проекти.

– Разговаравме за можна соработка при едукацијата на нашите доктори, специјалисти и доктори на науки од областа на медицината во делот на истражување, себатикална година и тренинг. Но, зборувавме и за соработка во делот на меѓународни финансирани проекти на Националниот Институт овде и особено во делот за соработка со Пен центарот. Очекувам дека многу бргу ќе може наши доктори да доаѓаат тука, и исто така да доаѓаат доктори да бидат обучувани за оние специјалности за коишто сметаме дека има потреба за ваков вид на едукација, рече Тодоров за Македонската Телевизија.

Огнибене додаде дека ова е добар почеток на идната соработка, која ќе
вклучува можност за примена на нови терапии, и при дијагноза на ретки
болести кај македонски пациенти.

Националниот Институт за здравство е една од водечките медицински установи во САД и функционира како истражувачки центар за голем број болести.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт