МФ: Транспарентно ги објавуваме сите податоци согласно методологијата на ММФ

Од:

Министерството за финансии во ракција на соопштението на СДСМ наведува дека согласно методологијата на ММФ квартално го објавува државниот и јавниот долг, како и усогласувањата со макроекономските показатели.

Во реакцијата додава дека по објавување на податокот за бруто домашен производ, Министерството на својата веб страна го објавила ревидираниот јавен и државен долг согласно податоците на Државниот завод за статистика, како и секогаш.

– Нема да ја коментираме методологијата на Државниот завод за статистика, но ќе посочиме дека реалниот раст на БДП е блиску до проекциите на НБРМ, на меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка, како и на Европската комисија. Исто така ќе посочиме дека и од страна на повеќе меѓународни финансиски институции е истакнато дека Македонија е ниско задолжена земја, истакнуваат во реакцијата.

Во насока на транспарентност во однос на јавните финансии Министерството за финансии и понатаму ќе ги објавува редовно информациите за јавен долг и за другите фискални резултати.

Во реакцијата аплеираат да не се злоупотребуваат редовните активности на Министерството за финансии во политички цели. -Тие, како што стои, се согласно светски стандарди, усогласени со меѓународните финансиски институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација