Конференција за политичкиот плурализам и професионалноста во медиумското известување

Од:

Политичкиот плурализам во медиумското известување е клучен за демократијата, порачаа учесниците на денешната конференција „Разноликоста на политичките гледиша во телевизиските вести-доминација на јавниот или на партиско-политичкиот интерес“, во организација на Институтот за комуникациски студии, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Конференцијата е дел од проектот МОДЕМ на Институтот, поддржан од амбасадите на Холандија и Велика Британија во Македонија.

– Добро информирани граѓани се солидна основа за демокрастко општество, а тоа може да се постигне само доколку плурализмот на политичките партии и различните размислувања се отсликуваат во медиумското покривање, рече холандскиот амбасадор во Македонија Ваутер Пломп.

Тој истакна дека Македонија не е единствена држава која се соочува со тешки времиња од аспект на политика и медиуми, а како особено опасна појава го оцени говорот на омраза. – Говорот на омраза и подбуцнувачкиот говор, како и едностраното и пристрасно известување, не се плурализам. Дебатите и размената на мислење се можни само кога постои почит меѓу соговорниците. Потребата од независно известување и интерсот на останатите никогаш не бил поголем и потежок, опфаќајќи ги и темите за интеретичка и религиозна толеранција, рече Пломп.

Како што информира директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизеулни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, надзорите на медиумското известување на ова регулаторно тело покажале дека најчесто прекршувано било начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења со што би и се овозможило на публиката објективно информирање.

– Агенцијата повеќепати јавно ги лоцираше причините за ниското ниво на почитување на професионалните стандарди, вклучувајќи го и обезбедувањето различни но еднакво третирани мислења и гледишта. Медиумите и нивните сопственици беа повикани да направат јасна разлика меѓу деловниот, политичкиот, и приватниот интерес од една страна, и професионалното известување од друга страна и независно да ја вршат својата работа, рече Трајчевски.

За обезбедување политички плурализам, посочи, нужен е и високо едуциран кадар со професонален и личен интегритет и тоа не само повеќе лица со завршено високо образование, туку луѓе со широки познавања на сферата на медиумите, посебно за улогата на медиумите во деморатско општетсво, обучени за работа во медуми секој во својот дел. – Особено е важен новинарскиот кадар, не само да има високото познавање на професионалните стандарди, туку и секојдневно да го преиспитува нивното почитување и самите да ги почитуваат, рече Трајчевски.

Снежана Трпевска, истражувач во Институтот за комуникациски студии посочи дека прашањето на објективно и непристрасно информирање во Македонија е поставено само на ниво на општи стандарди. Законите во другите држави, укажа, се порестриктивни и регулаторите имаат надлежности јасно да постапуваат. Веројатно причината кај нас дека е само на ниво на општи стандарди е тоа што се сметало оти постои опасност ако му се даде на регулаторот поголема надлежност да навлегува во уредувачката политика, рече Трпевска.

Марина Тунева од Советот за етика во медиумите, пак, апелира да се надмине отпорот за учество во саморегулацијата на медиумите и да не се потценува моќта на моралните санкции во медиумите, како и да се учествува во процесот на медицијација што го иницира Советот за етика и да се прифаќаат одлуките на Комисијата за жалби во ова тело.

– Само така ќе може да го избегнеме пропагандното, мисионерското и таблоидното новинарство кое не служи на интересот на јавноста, туку на дадени каузи и цели, рече Тунева.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on