За викендот повремен дожд и грмежи, во понеделник заладување

Од:

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 25 степени, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места со умерен интензитет, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Температурите позначително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои во средината на неделата ќе се движат од -2 до 4 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски