Околу 100 хектари шума изгореа последните три дена во Делчевско

Од:

Вкупно 1,6 милијарди денари е штетата од пожарите што ја зафатиле територијата на Општина Делчево во последните 12 години.

Според командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, на територијата на Делчево има 24.000 хектари шума од прв степен на загрозенот, а само последниве три дена во три големи шумски пожари изгореа околу 100 хектари.

Најголем проблем при интервенција на големи шумски пожари, потенцира Атанасовски, е неопременоста со соодветни возила.

– Располагаме со возила стари и над 40 години. Тие не се за гаснење шумски пожари. Дирекцијата за заштита и спасување никако не сака да додели соодветно возило за гаснење шумски пожари. Такви возила добиле другите ТППЕ од регионот, но од неразбирливи причини не се доделува возило на Делчево. Затоа е и отежнато гаснењето, а кога немаш соодветна опрема, тогаш ризикуваш човечки животи, но и интервецијата задоцнува. Таков, беше пожарот пред два дена, од висок ризик, рече Атанасовски.

Деновиве, информира, повторно ќе биде испратено барање до Дирекцијата за донација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожари и црн чад во делови од централен Израел

(ВИДЕО) Гореше облакодер од 67 ката во Дубаи, речиси 4.000 луѓе беа евакуирани

А1он

Бројот на загинати се зголеми по експлозијата и пожарот во Чазма

Пожар на депонијата Вардариште остави без струја 47.000 корисници во Скопје

А1он

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

(ВИДЕО) Пожар во болница во Хамбург, тројца мртви, повеќе од 50 повредени