Сончево со температура до 26 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Преку ден ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топло време за овој период од годината. Дневната температура од сабота ќе има тенденција на опаѓање.

Од почетокот на наредната недела се очекува позначителна промена на временската состојба, кога од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба.

Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски