Данева: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ под итно да го повлечат Законот за лустрација

Од:

СДСМ бара, по критиките на Законот за лустрација и на  начинот на кој се одвива процесот,  веднаш да се повлече.

Потсетуваат дека цело време биле во право кога зборувале дека Законот за лустрација е спротивен на Уставот на Република Македонија, дека се коси со неколку постоечки закони во државата и дека изобилува со бројни правни празнини и недоследности.

„Сите наши укажувања ги потврди Венецијанската комисија на Советот на Европа со своето мислење издадено на барање на Уставниот суд на Република Македонија. Мислењето е уште еден, релевантен доказ за катастрофалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за нивната отворена желба за демонстрација на сила и политичка пресметка со политичките неистомисленици.Мислењето на Венецијанската комисија го разобличи катастрофалниот обид на ВМРО-ДПМНЕ временскиот опфат на законот на лустрација да го изедначат со моментот на доаѓање на власт на Никола Груевски и да ја претворат Комисијата за лустрација во апарат за реваншизам, уништување на сè и секој што се спротивставува на нивниот режим  и заштита на нивните апологети, а реални соработници со службите во минатото“, изјави Ана П.данева.

„Заради сето ова како и заради можноста сите неправедно, незаконски и неуставно обвинети соработници на службите по овој неуставен закон да ги реализираат своите права пред судот во Стразбур со што Буџетот на РМ ќе претрпи милионски загуби, како и заради заштита на достоинството на неоправдано наклеветените, СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како што итно го донесоа така и итно да го повлечат овој закон“, рече Данева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје