МФ: Да не се злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели

Од:

Министерството за финансии во реакција на денешното соопштение на СДСМ апелира да не се злоупотребуваат аукциите на државни хартии за дневно-политички цели.

Со соопштението, според ресорното Министерство, СДСМ се обидува да влијае на реализација на аукција на државни хартии од вредност која се уште не е започната.

– Согласно Законот за јавен долг и максималниот износ за задолжување на домашниот пазар, објавениот календар за аукции, како и согласно понудата и побарувачката на државните хартии од вредност од страна на инвеститорите, Министерството за финансии носи одлука за оптималниот износ. Министерството за финансии води одговорна политика на управување со јавниот долг која не е и не може да биде предмет на дневно политички манипулации, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација