Сончево и топло до 25 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До крајот на работнава недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и в четврток.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски