Големото градско, но и македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра во сабота, а влезниците за овој натпревар се продаваат по цена од 100 денари.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на првото овосезонско „вечно“ дерби, кое ќе се игра во рамките од 3.коло на Супер лигата, дуел во кој аеродромци ќе влезат со две победи, наспроти половичниот ефект (по една победа и пораз) на тимот од „Градски парк“.
Билетите за овој секогаш суперинтересен натпревар се веќе во продажба и тоа по цена од 100 денари, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.
Почетокот на натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Работнички кој ќе се игра в сабота (25 март) е закажан за 18 часот.