Над 75 милиони долари за зачувување на културно-историското наследство во завојуваните зони

Од:

Меѓународни донатори ветија денеска над 75 милиони долари за зачувување на објекти од светското културно-историско наследство, што се засегнати од војните и уништувањата од страна на Исламската држава.

На донаторската конференција во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд напомена дека целта на Фондот за наследството е да се обезбедат 100 милиони долари, повикувајќи ги останатите земји да се вклучат во собирањето на тие средства.

Француското Министерство за култура посочи дека Франција ветила 30 милиони долари, а Саудиска Арабија ќе учествува со 20 милиони долари. Обединетите Арапски Емирати ќе донираат 15 милиони домари, Кувајт – пет милиони, Луксембург – три милиони долари, Мароко – 1,5 милиони долари, а еден милион долари ќе обезбеди филантропот Томас Каплан.

Фондот основан во Женева ќе учествува со административна и правна помош. Италија ќе помогне со воен персонал и експерти за конзервација на културно-историските споменици.

Целта на париската конференција е да се создаде меѓународен фонд, со чија помош ќе се запре уништувањето на историските објекти.

Организаторите сакаат, исто така, да создадат светска мрежа за привремено складирање на загрозените артефакти и да финансираат реставрација на објектите што се оштетени од војната.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска