Иванов по сценариото на Груевски-изборите биле решение за кризата која ја создаде

Од:

Ѓорге Иванов продолжува со догоговореното сценарио за создавање криза, за да после нуди решение-нови избори, наместо легитимна влада на СДСМ и партиите на Албанците.

Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период, вели Ѓорге Иванов во интервју за унгарскиот весници „Magyar Hírlap“.

– Лидерот на втората партија според бројот на освоени мандати СДСМ наместо во рок од 10 дена, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието со поддршка на сите партии на етничките Албанци. Од него побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа. Го потсетив дека македонските граѓани на изборите гласаа за реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава. Таквата јавна осуда, за жал, изостана. Оттаму, како Претседател на Република Македонија, порачав дека нема да определам мандат за секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста, вели Иванов во интервјуто на прашањето за можен излез од политичката криза во Македонија.

Интервјуто на Иванов кое доаѓа ден по интервјуто на Никола Груевски кој најави документ за излез од кризата и повторно побара нови избори е потврда дека целото сценарио е договорено вечерта кога екс премиерот беше пет часа во претседателската вила по што не му беше даден мандатот на лидерот на СДСМ. Иванов создава вештачка криза, Груевски повикува на протести од кои после се оградува со цел да се издејствуваат нови избори.

Сите албански партии најавија дека не прифаќаат нови избори, а истиот став го има и СДСМ со целата коалиција кои најавуваат формирање Влада согласно мнозинството од 67 гласа.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски