Владата на шпанската автономна област Каталонија повторно побара од Мадрид референдум за независност, инспирирана од примерот на Шкотска.
Барањето е испратено во отворено писмо до Мадрид, објавено во весникот „Паис“, од страна на каталонскиот премиер Карлес Пучдемон и неговиот заменик Ориол Жункерас.
– Се покажува дека Шкотска и Обединетото Кралство повторно ќе се договорат за организирање на втор референдум за независност, напишале двајцата каталонски лидери. Тие сепак пропуштиле да потсетат дека британскиот премиер Тереза Меј смета дека дега не е момент за таков референдум.
Властите во Каталонија ветија дека во септември ќе организираат референдум за независност, со или без согласност на Мадрид.
Каталонците се поделени околу прашањето за независност, но значително мнозинство сака одржување на референдум. Мадрид се спротивставува со аргументот дека такво гласање не е предвидено со Уставот.