Осум милиони евра за подобра инфраструктура за Македонците во Гора

Од:

Деновиве почна реализацијата на првата фаза од проектот вреден 8 милиони евра, кој се однесува на подобрување на инфраструктурата во областа Гора, во северниот дел на Албанија, предел во кој се наоѓаат девет села со македонско население.

Според електронското издание на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија, инвестицијата е дел од проектот „Подобрување на локалната инфраструктура” што го реализира Фондот за развој на Албанија со финансиска подршка од Германската банка КФВ, ИПА Програмата на ЕУ и албанската влада.

– Во моментов, покрај работите на проширувањето и асфалтирањето на патот кој ги поврзува селата во областа Гора, со забразна динамика се работи и на изградба на канализациска мрежа во Шиштавец. Со проектот, за ова село се предвидува и улично осветлување, како и обновување на фасадите на зградите од двете страни на главниот пат во селото, пишува весникот.

Според истиот извор, по асфалтирањето на патот Кукс – Шиштавец во 2015 година, ова е најголема инвестиција во областа Гора, со која не само што се подобрува инфраструктурата, а со тоа и условите за живот, туку овозможува и привремено вработување на локалното население.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски