Втора рунда во кошаркарската Супер лига на Македонија

Од:

Во македонската кошаркарска Супер лига денеска и утре ќе се играат натпреварите од второто коло.

Во Гевгелија вечерва од 19 часот ќе се одигра првиот натпревар во кој кошаркарите на Кожув ќе го пречекаат актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Утре на програмата се другите два натпревара.

Во Кавадарци од 17 часот ќе започне мечот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи, дуел кој практично е реприза на финалето во Купот на Македонија.

Во салата „Градски парк“ во Скопје од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Работнички и Куманово.

Во борбата за опстанок, односно Плеј-аут лигата, попладнево ќе се одиграат двата натпревара. Од 17 часот ќе почне натпреварот меѓу АВ Охрид и Струмица, а од 18:30 часот ќе се игра средбата Вардар – Пелистер.

На табелата во оваа конкуренција АВ Охрид и Струмица имаат по 20, Пелистер 19, а Вардар 15 бодови.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он