Одиграни две средби од француската Лига 1

Од:

Во фудбалскиот шампионат на Франција синоќа беа одиграни два натпревара од 30.коло во Лига 1.

Во првиот, Мец пред своите гледачи ја победи Бастија со 1-0 благодарение на автоголот на Жил Сиони по само една минута игра во второто полувреме. Тимот на Олимпик Марсеј, кој се бори за место кое носи пласман на европската сцена следната сезона, на гостувањето кај Лил одигра без голови 0-0.

Викендов ќе се играат преостанатите осум натпревари, а дербито е во Париз каде актуелниот првак ПСЖ го пречекува Олимпик Лион во дуелот на второ и четврто пласираните екипи на табелата.

Двојките за викендов се: Нант – Ница (од 17 часот), Анже – Гингамп, Тулуз – Рен, Нанси – Лориен, Бордо – Монпеље (од 20 часот), Каен – Монако (од 15 часот), Дижон – Сент Етјен (17 часот) и Париз Сен Жермен – Олимпик Лион (21 часот)

Табела: Монако 58 бода, ПСЖ 65, Ница 63, Олимпик Лион 50 (-1 натпревар помалку), Олимпик Марсеј 46, Бордо 43, Сент Етиен 41

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска