Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов донесе одлука за одложување на посетата на Австралија, велат од неговиот Кабинет.
Од таму посочуваат дека политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија.
Посетата предвидуваше средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија, велат од Кабинетот на шефот на државата. Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.