Билансот на загинатите за време на одрон на големо количество отпад на депонијата Коше во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба, достигна 115 лица.
Спасувачките екипи веќе петти ден трагаат по преживеаните, а во земјата е прогласена тридневна жалост.
Повеќето од жртвите се жени, дури 75 отсто, а во одронот се затрупани неколку импровизирани куќи и бетонски згради.
Депонијата Коше е место на кое веќе 50 години се складира отпадот од етиописката престолнина.
Пред неколку години градските власти ја затворија оваа депонија, но неодамна беа принудени повторно да почнат да ја користат за депонирање отпад и смет, бидејќи локални фармери во знак на протест поставија блокади на пристапните патишта кон новоизградената депонија.