Водостопанство Брегалница ќе ги расчистува каналите и вадите за новата наводнителна сезона

Од:

Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ од Кочани деновиве привршува со активностите за чистење на земјените канали и води во атарот на Кочанско поле, преку кои водата се дистрибуира до полињата со цел да се обезбеди квалитетна наводнителна сезона, согласно планот за навднување во 2017 година.

-За годинава планиравме да исчистиме над 100 километри каналска мрежа од кои 50 километри канали за наводнување во атарите на неколку полиња во Кочанско. Прв пат после толку години од работењето на Водостопанство „Брегалница“ започна со чистењето и подготовката на каналската мрежа во февруари. Ова значи дека оваа навднителна сезона ке биде доста успешна. Досега се исчистени 115 километри каналска мрежа од Истибање Виничко па се до село Крупиште Штипско, односно атарот што го опфаќа левиот магистрален канал од хидросистемот Брегалница, изјави Николчо Гоцев директор на кочанскато водостопанско претпријатие.

Почетокот на наводнителната сезона, истакнува Гоцев, е закажан за 15 април, до кога се очекува основната и деталната каналска мрежа да бидат целосно ставени во функција. Временските прилики, вели тој, засега се во полза на подготовките.

Според планот за сеидба годинава под ориз ќе се насеат 5.000 хектари, што е за околу 700 хектари повеќе од лани. Состојбата со акумулираните количества вода е оптимална за овој период од годината, а се очекува дека до почетокот на наводителната сезона, вештачките езера Калиманци, Ратево и Градче ќе бидат со максимален капацитет на акомулирана вода за престојната сеидба во Виничко, Кочанско, Штипско и Свети Николско.

Би можело да ве интересира

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош