Хуманитарна помош за шестчленото семејство во село Градиште

Од:

Хуманитарна помош му донираше Црвениот крст-Куманово на шестчленото семејство во село Градиште кое живее во субстандардни услови.

Брашно, прехранбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки, се дел од помошта.

Црвениот крст-Куманово ќе го вклучи семејството во новиот циклус од проектите за хумана вредност, а планира и хуманитарен-спортски настан за собирање средства кои, исто така, ќе бидат наменети за ова семејство.

– Апелираме до сите хумани граѓани кои имаат покуќнина, кревети, каучи, комоди,…, а не ја користат, заеднички да му погнеме на шестчленото семејство, велат од Црвениот крст-Куманово.

Црвениот крст ќе продолжи да контактира со семејството цела година и во рамки на своите можности ќе му обезбедува најнеопходна помош. Во семејството има три малолетни деца.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

A1on

Апел за помош на малиот Војдан

Не се отворил падобранот: Пет лица во Газа загинаа од воздушната хуманитарна помош

А1он

Третиот конвој со помош влезе во Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Камиони со помош чекаат на Рафах, генералниот секретар на ОН: Два милиони луѓе ужасно страдаат

ЕУ испрати над два милиона евра помош за населението во Пакистан

А1он