Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот финансиран од Европската унија „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000″.
На настанот, на кој ќе бидат презентирани резултатите од спроведување на проектот, свое обраќање ќе има и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.
Проектот се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.