Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура се движeшe oд – 3 Берово, -2 Лазарополе, Крушево, Крива Паланка и Маврово, 0 Скопје, 1 Претор, Ѓуриште, Куманово, Тетово и Пожаране, 2 Тополчани, Охрид, Дебар, Виница, Штип, Прилеп и Битола, 3 Скопје Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, до 7 степени во Дојран и Гевгелија. Дневната ќе се движи од девет до 16 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Зголемување на облачноста ќе има во четврток и во недела кога ќе има услови и за слаб локален дожд. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела.