Победа над Торино со 3:1 остварија фудбалерите на Лацио синоќа на домашен терен во последниот натпревар од 28.коло во Серија А.
Со освоените три бода Лацио се врати на четвртата позиција и остана во конкуренција за освојување на третото место кое носи учество во квалификациите за елитната Лига на шампиони.
За Торино ова беше деветти пораз сезона по што остана на средината на табелата со 39 бода.
Резултати на другите натпревари од 28. коло во Серија А:
Интер – Аталанта 7:1,
Сасуоло – Болоња 0:1,
Киево – Емполи 4:0,
Фиорентина – Каљари 1:0,
Наполи – Кротоне 3:0,
Пескара – Удинезе 1:3,
Палермо – Рома 0:3
Џенова – Сампдорија 0:1 и
Јувентус – Милан 2:1.
Табела: Јувентус 70 бодови, Рома 62, Наполи 60, Лацио 56, Интер 54, Аталанта 52, Милан 50,…