Првакот на Франција ПСЖ по елиминацијата во Лигата на шампионите успеа синоќа на гостувањето кај Лориен да слави победа од 2:1 и да се пробие на второто место на табелата во Лига 1 зад лидерот Монако, а пред Ница.
ПСЖ поведе со автоголот на Бенжамим Жано во 28.минута. На 2:0 зголеми Кристофер Нкунку во 52.минута, а голот за домашниот тим го постигна Мишел Циани во 68.минута.
Резултати на натпреварите од 29.коло:
Ница – Каен 2:2,
Олимпик Марсеј – Анже 0:0,
Монако – Бордо 2:1,
Генгамп – Бастија 3:0,
Монпеље – Нант 2:3,
Нанси – Лил 1:2,
Рен – Дижон 1:1,
Сент Етиен – Мец 2:2,
Олимпик Лион – Тулуз 4:0 и
Лориен – ПСЖ 1:2.
Табела: Монако 68 бодови, ПСЖ 65, Ница 63, Олимпик Лион 50, Олимпик Марсеј 45, Бордо 43