Посвежо време и нова снежна покривка

Од:

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во поголемиот дел од земјава утрово е облачно, во западните и северните делови со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежи од снег имаше и во места со 800 метри надморска висина и е формирана помала снежна покривка, што се движи од 1 сантиметар Тополчани, 2 Дебар и Претор, 3 Охрид, 6 Маврово, 9 Лазарополе до 11 Крушево.

Утринава во југоисточните делови е умерено облачно со сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движеше од -5 Крушево, -4 Маврово и Лазарополе, -1 Претор, Тетово, Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 0 Берово, Прилеп, Охрид, Дебар и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Штип, Виница и Струмица, 3 Скопје, 4 Демир Капија и Дојран до 6 Гевгелија.

Времето променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. И утре ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе се движат во интервалот од -3 до 4, а дневните од 7 до 15 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски