Додевски: Поднесено барање за укинување на мерката притвор за Кочан

Од:

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, и покрај поднесената Ургенција од одбраната, не го достави предметот на осомничениот Сеад Кочан на одлучување до Апелацискиот суд Скопје по жалбата на одбраната против Решението за определување мерка притвор, со што беше оневозможено Апелацискиот суд да донесе одлука по жалбата на одбраната, соопшти вечерва адвокатот на Кочан Никола Додевски.

– Со оглед дека преклузивниот рок во кој Апелацискиот суд беше должен да донесе одлука, истече во 17:20 часот, одбраната веднаш поднесе Барање до Кривичниот совет да донесе решение со кое ќе се стави вон сила Решението за одредување мерка притвор, ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејства преземени од МВР Скопје. Сето ова поради фактот дека Решението не може да произведува правно дејство кога е изминат рокот за донесување одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелацискиот суд, информира Додевски.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната